Боки во минич ќе води ново Шоу Печати Е-меил
[08-12-2006 | 00:12 часот]
 Падна првата клапа од новото ток-шоу во кое улогата на водител ќе ја има Боки 13. Првата гостинка е атрактивната српска пејачка Ана Николиќ. Гледачите...

... шоуто премиерно ќе имаат можност да го гледаат на 15. декември, а потоа стандардно во 22 часот секој следен петок овој термин ќе биде резервиран за разголувањето на гостите на Боки.

Шоуто ќе оди на А1 телевизија и во продукција на Томато. Интересно за емисијата освен најавените ексклузивни фаци, кои ќе продефилираат во Топ-шоу, е тоа што Боки ќе се трансформира во секој свој гостин/гостинка.

За првата емисија најави мини здолниште, танчари, модерна кореографија и изведба на големиот хит на Ана Николиќ "Ромале, ромали".