Кој не спие - се дебелее Печати Е-меил
[08-12-2006 | 00:19 часот]
 Жените кои во текот на ноќта долго време спијат се изложени на помал ризик да се здебелат на средни години, покажале добиените резултати од...

... истражувањето спроведено на американскиот Универзитет "Кејс Вестерн Ризерв" во Кливленд.

Причината за таквата состојба се уште не е позната. Некои експерти сметаат дека недоволното спиење предизвикува промени во хормоните кои се одговорни за контролата на апетитот и метаболизмот, а претходно се сметало дека жените кои помалку спијат повеќе јадат или дека поради заморот се помалку физички активни.

Оние кои спијат просечно по пет часа во текот на ноќта во однос на оние кои жени кои спијат седум или повеќе часови имаат за 15% поголеми шанси да влезат во категоријата дебели.

Истражувањето во Кливленд покажало дека склоноста кон дебелеење кај жените што недоволно спијат нема врска со поголемо внесување калории.

Напротив, тие кои помалку спијат - помалку јадат. Исклучена е и недоволната физичка активност.