|
Дали стриптизот е уметност?! |
|
|
|
[08-12-2006 | 00:30 часот] |
Доколку се потврди судската одлука донесена завчера, стриптиз клубовите во Норвешка во иднина ќе имаат статус каков што имаат (верувале или...
...не) театрите, музеите и галериите! Судот, одлучувајќи по случајот за стриптиз клубот Блу Енџел АС, утврди дека неговите вработени при својот настап создаваат уметничко дело. Случајот се најде пред суд поради одбивањето на сопствениците на клубот да платат данок, поради што норвешките даночни власти поднеле тужба. Во корист на клубот претходно е пресудено на ниска судска инстанца, а со најновата пресуда сопствениците на клубот ќе добијат право на компензација на парничните трошоци кои изнесуваат 24.500 долари. |