Менувам дете - за PS3 Печати Е-меил
[10-12-2006 | 22:51 часот]
 Откако водителот на радио програмата на американската радио станица KDWB, Дејв Рајан, објавил дека неговата радио куќа ќе подари PlayStation 3 на...

...секој слушател кој е спремен своето дете еден ден да го остави во радиото, се јавиле голем број заинтересирани луѓе.

По ова објава од водителот, телефонот на радио станицата се вжештил од големиот број повици на многу родители кои биле спремни на неазумната компензација - PlayStation 3 во замена за нивното дете.

Имено, голем број родители се јавиле во радиото изјавувајќи дека навистина се спремни да го остават своето дете во радиото на еден ден, и тоа на потполно непознати луѓе, само за да дојдат до новата играчка конзола на јапонскиот производител Sony.

Една од мајките дури била спремна своето дете да го остави во радиото на неколку дена, а изјавила дека е спремна на тоа од причина што доколку навистина ја добие конзолата, има намера да ја продаде само за до го зголеми домашниот буџет во пресрет на божиќните празници.

Интересно е тоа што најмалото понудено дете за оваа апсурдна замена на одредено време, било дете старо помалку од еден месец.