|
Лансиран „Дискавери" |
|
|
|
[10-12-2006 | 22:54 часот] |
Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) го лансираше шатлот „Дискавери", со седумчлен екипаж...
... на мисија во Меѓународната вселенска станица (ИСС). „Дискавери" од центарот „Кенеди" на Флорида беше лансиран во 02,37 часот по средноевропско време и за нешто помалку од девет минути влезе во Земјината орбита. Ова е прво лансирање во ноќни услови, откако се случи катастрофата на вселенскиот брод „Колумбија“ во 2003 година. Лансирањето првично беше предвидено за четврток, но НАСА мораше да го откаже во последен момент поради неповолни временски услови. „Дискавери" и седумчлениот екипаж, две жени и пет мажи, меѓу кои е и првиот шведски астронаут, ќе бидат во 12-ет дневна мисија, Нивната прва задача е продолжување на изградбата на ИСС на која „Дискавери" треба да слета (денес) в понеделник.  |