Новиот Mercedes Ocean Drive Печати Е-меил
[22-12-2006 | 00:16 часот]
 MERCEDES-BENZ на автомобилскиот саем кој наскоро треба да се одржи во Детроит во САД, ќе го претстави новиот модел од својата палета...

...Ocean Drive, луксузен кабриолет на основа на новата Ѕ класа.

Доколку за момент не им обрнеме внимание на LED светлата и и актрактивните детали како рачките на вратите, во овој модел сигурно ќе го прочитате почетокот на приказната за создавање на нов престижен модел со трокрака ѕвезда.
 
Традицијата на создавање на вакви модели кај овој концерн е долга неколку декади.
 
Конкретно, моделот е поставен на продолжената платформа од моделот Ѕ600. На иновативноста овде и нема крај. Моторот секако е V 12, а на предниот дел на возилото доминира огромна маска во куќен стил.
 
Моделот поседува четири врати кои водат до внатрешност од соништата.

Од посебностите треба да се истакне платнениот кров, бочната врата без оквир, како и сеуште посебниот Airscarf систем за греење на главите на патниците и возачот.