6 години - "Моделс Ин" Печати Е-меил
[26-12-2006 | 23:51 часот]
 Во неделата вечерта кафулето „Кавали“ беше збиралиште на прекрасни луѓе. Манекени, манекенки, естрадни личности и многу...

...гости дојдоа во кафулето за да го прослават шестиот роденден на модното студио „Моделс ин“.

Сопствениците на модното студио „Моделс ин“, Алек Наумовски, Надица Георгиева и Ирина Доганџиска, се погрижија гостите да уживаат во релаксирана атмосфера и добра забава.

„Целта на забавата беше да се прослави шестиот роденден на модното студио, освоеното петто место на изборот на светски модел во Кина од страна на Софија Пеливанова, членка на нашето модно студио, и, секако, мала забава како предновогодишно загревање“, изјави Алек Наумовски.

Во текот на утрешниот ден очекувајте повеќе фотки од настанот.