|
Анонимна Македонска модна икона |
|
|
|
[07-01-2007 | 18:27 часот] |
Македонецот Марјан Пејоски за кој сигурен сум дека малце од вас слушнале, во западните медиуми го нарекуваат новиот Alexander McQueen...
... а неговото последно достигнување е соработката со Absolut vodka - дефинитивниот симбил на креативност. Во последниот Absolut дизајнерски проект на тема камуфлажа се ангажирани дванаесет светски познати дизајнери препознатливи по своите уникатни стилови и идеи. Нивна цел било да креираат модни “партали” кои можат да се камуфлираат во дванаесет различни средини. Меѓу овие дизајнери се најде и македонецот Марјан Пејоски, кој е познат по своите дизајни за познатата Bjork, меѓукои и дизајнот што го носеше пејачката на минатогодишниот Кански фестивал. Влезот за ревиите на Пејоски е мисловна именка за обичните смртници. Сите негови модели се преставуваат на ВИП ревии на кои присуствуваат само одбрани гости од кои поголем дел се шоу бизнис, филмски и музички ѕвезди. Од нас, едно големо браво за нашиот сограѓанин за неговите успеси на светската модна сцена! 
 |