Burberry - станува Made in China Печати Е-меил
[11-01-2007 | 03:40 часот]
 Burberry, најомилената модна куќа на британците најави селење на своето производство од Велс во Кина. Поради ова голем број од вработените...

... се незадоволни и молат за спас на работното место, а нив ги подржа  и актерката Ема Томпсон.

Добитничката на Оскар и олицетворение на британската елеганција  изјави дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да во Treorchy фабриката не дојде до затварање на триста работни места.

“Секоја промена во некој друг правец би претставувало предавство на домашната работна сила и бастардизација на брендот кој е познат во целиот свет.

Ние како држава не смееме да си го дозволиме тоа“, изјави Ема.

Burberry израсна во огромна и препознатлива компанија за производство на висококвалитетна облека и разни модни додатоци.