Чарлиз Терон - со најубави нозе Печати Е-меил
[21-01-2007 | 00:43 часот]
 Моментално најдобрите нозе во Холивуд според читателите на неделниот селебрити магазин “In Touch” ги има оскаровката и поранешен...

... модел Чарлиз Терон.

Терон со своите добро обликувани и долги нозе ги надмина оние по малку анорексични на моделот на Victoria's Secret, Жизел Бундшен, додека на трето место на листата на најубави нозе на Холивуд се најде омилената американска девојка, Џенифер Анистон.

Пред црномурестата оскаровка Хали Бери се најдоа две помалку познати жени, но со ништо по - неубави нозе, Ванеса Минило и Стејси Кеиблер. Од пеачките на листата на најдобрите десет прошетаа Кери Андервуд, веднаш зад која се најде Кристина Агилера.

На последното место се најде личноста која никогаш не ја одминуваат ваквите настани и избори, актерката Ева Лонгориа.