Англиска гордост - TVR Sagaris Печати Е-меил
[23-01-2007 | 00:25 часот]
 Ретко кој вљубеник во автомобилите не слушнал за TVR, Англиската гордост за егзотично спортски автомобили. Брендот беше пред пропаѓање како и...

... повеќето егзотични брендови во автомобилизмот, меѓутоа еден руски милијардер кој е нивен страсен обожавател не го дозволи тоа.

Сега TVR пак работи во полна пареа, со ист препознатлив стил и неверојатни перформанси. Дел од нивната нова гама на втомобили е TVR Sagaris. Моќен спортски автомобил со препознатлив британски дизајн.

Возилото е тешко еден тон, има мотор со зафатнина од 4 литри и 380 коњски сили, што му се доволно од 0 до 100км/ч да стигне за само 3,7 секунди!

Оние кој го тестирале велат дека е неповторлив производ кој има врвни перформанси и единствено чуство при возење. За оние останатите кои го мислат истото и сакаат да го паркираат ова дијамантче во гаражата, ќе треба да издвојат 50 000 фунти.