Mariah Carey гола во "Playboy" Печати Е-меил
[02-02-2007 | 00:33 часот]
 Некогаш од закопчаното деколте на Mariah Carey излегуваше импресивен вокал, но денес таа со задоволство сервира и други афинитети.

Неодамна таа невино коментираше дека нејзиниот секси имиџ не е ништо повеќе од обид за уживање во содржината на списанијата за кои позира.

Откако слушнал за тој алтруизам, Hugh Hefner веднаш дотрчал со понуда што не можела да ја одбие.

Но и покрај тоа што во последно време одвај има по некое крпче на себе, Mariah сепак одби сосема да се соживее со содржината на Playboy, па им се придружи на оние славни колешки кои за секси магазинот покажаа само делче од своите 'природни убавини'.

На големо разочарување на читателите, Mariah за насловната на американскиот Playboy за март ќе се појави во веќе познато издание – во проѕирна бањарка во својата стандардна поза.

Целата фото сесија благословена е од добрата вила на ретуширањето, Photoshop, под будното око на нејзиниот официјален фотограф Markus Klinko, а скрените гради и задникот Mariah ги надополни со одговарање на 20 'провокативни' прашања како „Најсекси камбек на годината“ (кој додуша трае веќе две години).

Повеќе фотки, овде!