|
Повторно го уапсија "Spiderman" |
|
|
|
[21-03-2007 | 23:51 часот] |
Францускиот „Spiderman“ кој е познат низ целиот свет по своите фасцинантни искачувања на планини и згради без никаква заштита, е уапсен...
... во Малезија (Куала Лумпур) додека се обидувал да се качи на една од највисоките згради на светот. Alain Robert успеал да помине покрај стражарите и да се искачи до 60-тиот спрат на кулата "Петронас" без никаква заштита, пред да и се предаде на полицијата. Полициски хеликоптер го надгледувал неговото искачување, додека долу го чекала пожарникарска служба и многу голема публика. На крајот, пожарникарската служба и полицијата успеале да го натераат да се предаде и да влезе преку прозорецот на 60-тиот спрат, а насобраната публика воодушевено го поздравила неговиот подвиг. Инаку апсењето при неговиот обид да го собори својот рекорд не е прво. Ваквите подвизи се забранети низ целиот свет, така што Alain Robert на секое качување на зграда е во "брканица" со полицијата. 

 |