Американскиот писател Ден Браун, конечно е ослободен од обвинувањето дека со својот роман „Кодот на Да Винчи“ направил плагијат на книгата...
... „Светата крв и светиот грал“, односно Апелациониот суд во Лондон пресуди дека Американецот не препишал туѓа идеја. Во април минатата година, вишиот лондонски Суд еднаш го ослободи Браун од обвинувањата за фалсификат, но двајца од тројцата автори на „научно - историската“ книга „Светата крв и светиот грал“ Мајкл Бајџент и Ричард Ли поднесоа жалба, и натаму тврдејќи дека американскиот писател ја препишал нивната идеа во својот роман. „Кодот на Да Винчи“ се појави во 2003 година и веднаш стана светски бестселер, продавајќи се во преку 40 милиони примероци. „Светата крв и светиот грал“, пак, се појави многу порано, уште во 1982 година, кога исто така предизвика сензација во јавноста, револт кај црквата, сепак, продавајќи се во тираж од 3 милиони примероци. И двете книги обработуваат малку истражен детал од историјата на христијанската религија, тврдејќи дека Исус Христос и Марија Магдалена биле во брачна врска и имале дете, и нивната крвна врска се уште постои.  |