|
Прв споменик на проститутките |
|
|
|
[03-04-2007 | 00:03 часот] |
Во познатиот "Red Light" кварт во Амстердам, свечено е поставен првиот споменик на проститутките. Свеченоста како и самиот кварт привлече голем...
... број на посетители. Откривањето на споменикот се случи на Амстердамскиот Open Day. Статуата е сместена во самото срце на "Red Light District", а посветена е на милионите жени кои се занимаваат со оваа професија низ целиот свет. "Спомениот не е поставен да им се покаже на луѓето дека проституцијата е супер, туку да се сврти вниманието на јавноста дека проституцијата постои, а не и се дава особена важност"- рече организаторката на целата манифестација, Mariska Majoor. Споменикот го изработи Холанѓанецот Els Ruiers по пример на познатиот трансвестит Astrid.  |