Возот кој постигна неполни 600км/ч Печати Е-меил
[04-04-2007 | 00:19 часот]
 Познатиот Француски брз воз TGV вчера (3 април) на новата линија Paris - Strasbourg постигна нов брзински рекорд од неверојатни 574.8 км/ч!...

Новата верзија на TGV - V150 со моќност од 25.000КС, и добрите временски услови, овозможија без проблем нов рекорд на новата траса во едно тест возење.

Инаку регуларната крстосувачка брзина на новата релација Paris - Strasbourg е 320км/ч, а билетот чини 63 евра.

Поради големата точност на поаѓање и пристигнување, големата брзина и сигурност, TGV веќе одамна го победи авионскиот превоз на релации до 300км.