|
Во борба - со Coca Cola |
|
|
|
[04-04-2007 | 23:33 часот] |
Кока Кола го повлече својот нов спот - реклама од Хрватска поради сцена во која се прикажува хеликоптер од типот „Газела” со ознаки на...
... поранешната Југословенска народна армија. Во оваа анимирана реклама во последниот кадар од хеликоптерот излегуваат луѓе, а во позадината се гледа шишето на Кока Кола. Со симболот на ЈНА се смета дека се повредени чувствата и се навраќаат лоши спомени од минатото. Претставниците на Кока Кола во Хрватска им се извинија на гледачите и потрошувачите кои евентуално би имале повредени чувствата поради ова и им објасни дека рекламата е преземена од меѓународни маркетинг агенции. Продуцентите биле известени за спорните кадри и од нив се очекува евентуална измена на рекламниот спот.  |