Високото IQ-то не значи богатство Печати Е-меил
[25-04-2007 | 23:20 часот]
 Не треба да се биде генијалец за да се биде богат, а интелегенцијата не е гаранција дека нема да се соочувате со финансиски проблеми, покажа студијата..

... објавена во САД. Утврдено е дека особите со просечна интелегенција, во исти услови, акумулирале исто богатство колку и оние со натпросечна интелегенција (IQ).

Истражувањето покажа и дека особите со натпросечно IQ, често се соочуваат со финансиски потешкотии.

"Луѓето не постануваат богати само поради тоа што се интелегентни", објаснува истражувачот од универзитетот во Охајо, Џеј Загорски - автор на студијата.

Сепак, студијата покажа дека особите со натпросечно ниво на интелегенција, во просек, заработуваат повеќе од оние со подпросечно IQ.

"Интелегенцијата не е фактор со кој би се објаснило нечие богатство.

Сепак, помалце интелегентните не треба да мислат дека се хендикепирани (во финансиски смисол), а оние кои се натпросечно интелегентни, не треба да мислат дека се во предност" - заклучува Загорски.