Уметност: Аутопсија Paris Hilton Печати Е-меил
[02-05-2007 | 00:54 часот]
 Контраверзниот њујоршки уметник Daniel Edwards повторно ја шокираше јавноста. Откако скулптурата на пораѓањето на Britney Spears го...

... обиколи светот, уметникот  направи скулптура - мртва и гола Paris Hilton на маса за сецирање...

По повод кампањата против возење во пијана состојба, Edwards ја направи скулптурата "Аутопсија Paris Hilton", на која богаташката е мртва и гола, со мобилен во рака, лежи со раширени нозе на маса за сецирање, а друштво и прави нејзината чивава Tinkerbell.

На скулптурата може да и се отвори стомакот и да и се погледнат внатрешните органи, а посетителите на изложбата можат да ги вадат органите со ракавици предвидени за таа намена.

Edwards изјави дека со ова дело сака да ги предупреди младите девојки да не возат во пијана состојба, или пак со мобилен во рака. А секако, нај идеален модел за таа намена во светски рамки, е Paris Hilton!