|
Ајде сите, одиме на хемиско! |
|
|
|
[03-05-2007 | 23:12 часот] |
Еден американски судија од Washington го тужи локалното дуќанче за хемиско чистење и бара оштета од 67 милиони долари како надомест за изгубена...
... облека - во случајов еден пар панталони. Овој случај се влече десетина години по судовите и наместо да плати десет долари за чистењето, случајот толку порасна што сега ја достигна оваа сума. Судијата смета дека изгубените панталони му предизвикале душевна болка и немир бидејќи со нив планирал да биде облечен на првиот ден во своето ново работно место. Оваа сума треба да му ја платат сопствениците со корејско потекло, а телевизиската станица ABC пресмета дека со тие пари може да се купат 84.115 нови такви панталони со цена од 800 долари по парче. Ајде сите, одиме на хемиско! ;)  |