"Concours D'Elegance" (Фото) Печати Е-меил
[15-05-2007 | 23:57 часот]
 На 13-ти Мај во хотелот Фламинго во Гевгелија се одржа првиот меѓународен "Concours D'Elegance" во Македонија. Настанот беше во...

... организација на Авто Мото Сојузот на Македонија кој со оваа пролетна манифестација успеа да ги привлече најубавите олдтајмери од Грција, Бугарија и Србија.

Секако, присуствуваа и македонските сопственици на историски возила, кои за прв пат во вистинска конкуренција добиваа оцени за вложениот труд во реставрацијата на овие "стари" убавици.

Учествуваа 42 натпреварувачи кои беа поделени во четири класи, зависно од годината на производство на автомобилот.

Титулата "Best In Show" ја понесе претставникот од Србија, Сафет Хаџиќ со својот Мерцедес Бенц 190 СЛ произведен во 1960 година.

На овој настан се формираше и Македонската Федерација на сопственици на Историски возила.

Следна ваква изложба е закажана за 1-ви Септември на градскиот плоштад во Скопје.