Промовиран нов лек против сида Печати Е-меил
[07-06-2007 | 23:02 часот]
 "Maraviroc" - новиот лек против вирусот на СИДА, ќе почне да се користи од следниот месец, посебно во Јужноафричката Република - објави...

... фармацевтстката компанија „Pfizer“ во Јоханесбург.

„Новиот лек против ХИВ/СИДА ќе се појави на пазарот по тестирањето во САД кое ќе го изврши Агенцијата за храна и лекови (FDA)“ рече Ричард Полсон, шеф на истражувачкиот тим на компанијата.

FDA би требало официјално да го одобри лекот  на 20 јули, по што тој ќе биде дистрибуиран во повеќе држави, меѓу кои и во Јужноафричката Република.

„Pfizer“ произведува повеќе лекови за превенција против вирусот на СИДА, но е често критикувана поради своите рекламни кампањи.

Неодамна фондацијата Healtcare, која се залага за борба против СИДА, ја обвини компанијата за поттикнување на ширењето на сексуално преносливите болести поради нивниот неодговорен маркетинг за вијаграта.

Во Јужноафричката Република од 47 милионинската популација, 5,5 милиони луѓе се заразени од СИДА.