Најхранливиот природен сок Печати Е-меил
[09-06-2007 | 23:36 часот]
 Во споредба со било кои природни сокови, најмногу хранливи состојки има во сокот од црвен грејфрут, покажа студијата на институтот за храна...

 

 ... во САД. Сокот од грејфрут истражувачите го опишаа како ултра квалитетен извор на витамин Ц.

Според нив, доволно е само една чаша ваков сок за да се задоволат дневните потреби за витамин Ц. Црвениот грејфрут содржи големи количини на калиум, фолна киселина и магнезиум, вклучително и каротенин кој во телото преминува во витамин А - кој е одличен за превенција од рак.

Според испитувањата, црвениот грефрут ја покори конкуренцијата во која високо котираа портокалите, додека јаболкото и ананасот далеку заостануваат.