|
Црните автомобили се најопасни |
|
|
|
[09-06-2007 | 23:48 часот] |
Црните автомобили имаат поголеми шанси да бидат дел од сообраќајна незгода, покажаа резултатите од неодамнешно истражување...
Автомобилите со посветли и живи бои се помалку опасни отколку автомобилите со темни бои. За црните автомобиле било утврдено дека имаат 12% поголем ризик да предизвикаат или да учествуваат во сообраќајна несреќа. Кај сивите автомобили ризикот е 11%, а кај сребрените 10%. Црвените, кафеавите и сините автомобили имаат 7% ризик. „Тие резултати се поврзани со спектарот на видливост, како и со контрастот во однос на патиштата“, коментира Стјуарт Њустед, од центарот за проучување на инциденти при Универзитетот "Монаш". Тој посочи дека истражувањето се потврдиле сомневањата дека сивите автомобили, особено при невреме, се „вклопуваат“ со околината како да исчезнуваат.  |