За виткост не треба да се гладува Печати Е-меил
[13-06-2007 | 00:02 часот]
 Мудриот избор на прехранбени производи, а не ограничување на порциите, е најдобриот начин за слабеење - покажало истражувањето...

 

 ...  спроведено на универзитетот "Penn State.".

Продуктите кои се богати со вода, а сиромашни со маснотии - како што е овошјето, зеленчукот, супата, немасното месо и производи од обесмастено млеко - содржат помалку калории, па не е потребно да се ограничува големината на порцијата.

Испитаниците кои јаделе храна богата со вода успеале да ослабат повеќе од оние кои броеле калории, а притоа не се чувствувале гладни.