|
Saab 9-3 Sport Sedan Aero |
|
|
|
[14-06-2007 | 22:59 часот] |
Saab и го представи на јавноста топ моделот 9-3 Sport Sedan Aero чија продажба е закажана за идната година. Ова технолошко совршенство...
... кое е директна конкуренција на BMW 3, Audi A4 и Mercedes C класата, е фокусирано на уникатниот "спортски филинг" и лидерските технолошки карактеристики. Новиот модел на Saab е опремен со комплетно алуминиумски 2.8 литарски V6 турбо мотор, со моќност од 280КС. Кога на тоа ќе се додаде и XWD погонот на сите тркала и ултра квалитетната шасија - успехот е загарантиран. Максималната брзина на овој убавец е лимитирана на 250км/ч, а од 0-100км/ч му се потребни само 6.3 секунди. Земајќи ја во предвид врвната технологија која овој спортски Saab ја поседува, се чини дека повторно ќе ја задржи својата позиција на пазарот - како квалитетна спортска лимузина со стил кој е поинаков од другите. 



 |