Многу витамин Ц за пушачите Печати Е-меил
[18-06-2007 | 00:14 часот]
 Пушачите кои не можат да се откажат од своите пороци би требале да земаат повеќе витамин Ц. Дневната доза од 1000 милиграми , или 1 грам...

... витамин Ц помага при одржување на здравото ниво на витамин Е во организмот, бидејќи овие витамини делуваат еден на друг.

Витаминот Е е една од првите линии на одбрана на белите дробови од штетното влијание на чадот од цигарите. Овој витамин е заштитен антиоксиданс, но чадот од цигарите може да го претвори во материја штетна за организмот.

Сепак, со редовното земање на витамин Ц, витаминот Е и понатаму успева да ја врши својата функција.

И нормално, како што е веќе познато, витамините многу подобро делуваат превентивно отколку како лек за веќе постоечките болести.