Со брак против депресијата Печати Е-меил
[19-06-2007 | 23:04 часот]
 Склопувањето брак може да биде од голема корист за оние кои патат од депресија, тврдат научниците од Универзитетот "Охајо" во САД. Тимот...

... спровел истражување кое траело 5 години и опфатило 3.066 испитаници.

Резултатите покажале дека бракот, и да не е идеален, нуди голема психолошка подршка за депримираните луѓе. Стручњаците сметаат дека бракот им помага на депримираните поради тоа што имаат континуирана подршка од брачниот партнер.

Сепак, позитивното влијание од бракот е послабо изразено кај оние кои и пред бракот биле среќни и задоволни.