|
Мастиките се канцерогени! |
|
|
|
[26-06-2007 | 23:19 часот] |
Истражувањата само потврдуваат дека состојката Aspartame која ја има во гумите за џвакање и т.н. „sugar free“ производи е канцерогена, односно...
... е најопасната материја која може да се најде во прехранбените производи денес! Ова истражување само ги потврдило наодите презентирани пред 25 години на Заводот за здравствена заштита во САД, кои покажувале дека консумирање производи со аспартам може да предизвика неколку различни видови тумори. Сепак, Заводот за здравствена заштита ја одобрил употребата на аспартам. Тој е одговорен за 75% од пријавите за штетни ефекти од додатоци за храна кои се доставуваат до Заводот за здравствена заштита во САД. Истражувачите препорачуваат родителите да внимаваат кога за децата купуваат храна и пијалаци со вештачки засладувачи. Аспартамот се состои од три хемикалии: аспартамска киселина, фенилаланин и метанол. Одредени хемичари го класифицираат во категоријата на хемиски отрови.  |