Зошто зевањето е заразно? Печати Е-меил
[02-07-2007 | 23:08 часот]
 Кога ќе видите некого како зева најчесто и вие инстинктивно се прозевате. Меѓутоа, тоа не значи дека на сите им е здодевно или им се спие...

Тоа е аларм кој другите ви го испраќаат за да го заштитат вашиот мозок од прегревање. Така барем тврдат научниците.
Американските научници спровеле експеримент врз група студенти за конечно да ја откријат причината за "заразното зевање".

Група студенти гледале видеоснимка на други луѓе кои зеваат. Една група студенти се замолени да дишат низ нос, а другите низ уста. Оние кои дишеле низ уста, инстинктивно почнале да зеваат, додека оние кои дишеле низ нос не зевале, оти на тој начин се "лади" мозокот.

Во вториот експеримент студентите добиле парче мраз кое го држеле на челото.

Ниеден од учесниците на експериментот не се прозевнал.

Научниците тврдат дека со тој експеримент докажале дека зевањето всушност е механизам за ладење на мозокот.

Во текот на денот нашиот мозок се загрева и за подобро да функционира потребно му е повремено да се излади. Така кога еден човек почнува да зева тој во својот мозок доведува "студена" крв и го спречува прегревањето.