Големи или мали, скриени или откриени, градите се предмет на одушевување во машката фантазија, а за големината на женските гради се...
...дискутира исто колку и за големината на пенисот... Мажите обожаваат гради во сите големини. Според некои статистики, два проценти од мажите сакаат мали гради. Малечки "двојки" сакаат четири проценти, а за солидна "тројка" се решиле 32 отсто. "Четворка", пак, преферираат нешто поголем број мажи, дури 38 проценти. Со "петка" би се задоволиле 19 отсто, а три проценти со задоволство би се нурнале во "шестка". Но без оглед на големината, сите тие со задоволство ќе зјапаат во двојка од најпримамливите женски атрибути. Гледањето го оправдува и едно интересно истражување, со по малку секстистички заклучок. Според тоа истражување, гледањето во женски гради благотворно влијае на здравјето на мажите, а може дури и да им го продолжи животот. Така барем тврдат германските научници кои испитале 200 мажи и дошле до заклучок дека десетминутното гледање во женските гради има исто влијание како и половина час гимнастика. На мажите кои гледаат женски гради им се намалува крвниот притисок, како и опасноста од срцеви болести. Значи, слободно зјапајте. Ќе бидете поздрави и дефинитивно порасположени.  |