Официјална промоција на "Fiat 500" Печати Е-меил
[07-07-2007 | 17:29 часот]
 Во четвртокот во Торино, по 50 години откако излезе првиот модел на „Fiat 500“, официјално беше промовиран новиот прекрасен наследник на...

... популарното фиќо.

Беа продадени преку пет милиони оригинални „Fiat 500“, а повеќе од половина милиони се уште се возат насекаде низ Европа. Некои од нив се постари од 30 години.

Новиот модел е клучен дел од стратегијата која би требало да му го осигура враќањето на пазарот, на „Фиат“.

Цената се уште не е откриена, но медиумите шпекулираат дека ќе биде од 10.000 до 15.000 евра.

Надежите на „Fiat“ се до крајот на годината да успеат да продадат 50.000 примероци, а веќе досега од застапниците добиле нарачки за 25.000 возила.

Покрај челниците на Fiat и многуте познати личности, главна ѕвезда на оваа промоција очекувано беше екс шампионот на F1 Михаел Шумахер, кои меѓу првите се провозе во новото фиќо.