|
BMW со пораст на продажбата |
|
|
|
[08-07-2007 | 22:35 часот] |
Германскиот авто гигант BMW соопшти дека во првата половина од оваа година имаат продадено 730.285 возила од марките BMW, Mini Moris и RollsRoyce..
... што е 4,5% повеќе од истиот период минатата година. Компанијата овој успех го должи на големиот раст на продажба во Кина, Русија и западна Европа, како и за големата побарувачка на "BMW X5", и купе и кабрио верзиите од серијата 3. Во Кина, за месец јуни е забележан раст на продажбата од неверојатни 63,2% во однос на минатата година, во Русија има зголемување од 77,8%, а во западна европа 15,9%, изјавија од BMW. По повод успешната продажба на BMW, вредноста на акциите на оваа германска компанија на берзата во Франкфурт, забележа пораст од 1,2%.  |