За здраво (и свежо) лето Печати Е-меил
[10-07-2007 | 23:51 часот]
 Лубеницата е вистинскиот начин за да бидете сити, освежени, здрави и витки во текот на летото! Покрај големите количини на витамини и...

 

 ... минерали, со нејзините 90% вода таа ќе обезбеди сигурна хидрација на организмот во текот на жешките температури.

Ова овошје уште одамна се употребува како превенција од губење на течности. Покрај пожелниот мал број на калории - 29 на 100г, содржи витамин А, Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк, калиум, а ќе ви помогне и во детоксификација на организмот.

Резултатот од секојдневното уживање во ова освежително овошје ќе ви бидат повеќе од добредојдени ова лето! Подобар тен, зголемен имунитет, и исфрлање на отровите собрани во текот на вечерните журки, ќе ви бидат од голема корист! ;)