|
Со вино до блескава насмевка |
|
|
|
[11-07-2007 | 23:03 часот] |
Истражувањето на италијанските научници сугерира дека редовното консумирање на мали количества вино позитивно влијае врз здравјето на...
... забите и забните непца. Исто така, умереното консумирање на вино помага и против воспаление на грлото предизвикано од стрептококи бактерии, тврдат истражувачите. Позитивниот ефект е забележан независно од тоа дали се консумира бело или црно вино, а научниците тоа го објаснуваат со присутност на големиот број состојки што делуваат антибактериски. Според нив, антибактериските својства на виното се споменуваат уште во римско време, а сега само се потврдуваат. Научниците, сепак, напоменуваат дека виното не ја заменува забната паста, туку заедно со редовното одржување и хигиена дополнително го зголемува позитивниот ефект.  |