Ако сакате добро здравје јак имунитет и продолжен живот, сексајте се! Тоа научно го докажаа научниците од државниот универзитет во Охајо..
... односно сите позитивни придобивки од сексот му ги препишаа на хормонот окситоцин.
Нивото на овој "хормон на блискост", кој го поттикнува чувството на нежност и желбата за меѓусебно допирање по оргазмот се зголемуваат дури петпати. Наглото ослободување на окситоцинот го дуплира чукањето на срцето и крвниот притисок, а таквата "вежба" му користи на срцето! Истражувањето покажало дека мажите кои водат љубов најмалку два пати неделно двојно помалку добиваат срцеви удари. Сексот е исто така е корисен начин за спречување на болести. Испитаниците кои воделе љубов еднаш или два пати неделно во крвта имале 30% повеќе антитела од оние кои апстинирале. Освен тоа, за време на оргазмот во мозокот се активира центарот за отстранување на болка, па на неколку минути исчезнуваат сите болки од менструални грчеви до артритис и мигрена. За време на сексот се трошат околу 200 калории што е еднакво на 30 минути џогинг. Лицата кои имаат редовен сексуален живот, или барем мастурбираат, поретко заболуваат од депресија и го намалуваат ризикот од заболување како рак на дојката и простатата. |