Најава за Ferrari 430 Scuderia Печати Е-меил
[21-07-2007 | 23:03 часот]
 Од Ferrari го најавија својот нов коњ за трка. Конкуренцијата нека го очекува Ferrari 430 Scuderia, вистинскиот "хард" спортист со неверојатни перформанси!...

 Scuderia-та е цели 100 килограми полесна од стандардниот F430, а моќноста на атмосферскиот агрегатот е 510КС!

Со имплементираната последна технологија од Ф1 болидите, и сооднос тежина/моќност - 2.45кг/кс, ова ќе биде најекстремниот Ferrari спортист.

 Официјалното преставување е закажано за на IAA Motor Show-то во Франкфурт на 11 септември оваа година, а ќе го промовира кој друг ако не - Михаел Шумахер.