"Dirty Dancing" – 2008 во САД Печати Е-меил
[15-08-2007 | 22:52 часот]
 Мјузиклот “Dirty Dancing “, својата премиера ќе ја доживее во септември 2008 година во Чикаго. Медиумите пренесуваат дека "Dirty Dancing - The Classic Story On Stage“..

... , ќе биде промовиран во “Cadillac Palace Theatre“ во Чикаго, а главните актери дополнително ќе бидат објавени.

Сценската верзија на филмот за прв пат е изведена во Австралија во 2004. година, а од тогаш уште во Лондон и Хамбург. На американската сцена мјузиклот ќе биде изведен во режија на Џејмс Пауел, а за кореографијата ќе биде задолжена Кејт Чемпион.

Организаторите очекуваат дека интересот ќе биде исто толку голем како во  другите земји ширум светот каде овој легендарен мјузикл е изведуван.