Најчудните закони на светот! Печати Е-меил
[16-08-2007 | 22:54 часот]
 Додека на нашите парламентарци им се потребни неколку години да донесат неколку функционални закони, за другите држави тоа не е проблем! Закони од...

... типот на: каде треба да се уринира, како да се вози, и што да се прави со сметот од животните, воопшто не е проблем.

Еве ја листата на "The Times",  на најнеобичните закони кои биле донесени:

1. Во Лондон таксистите несмеат да превезуваат лешеви или кучиња со беснило.

2. Незаконски е да се умре во Парламентот на Велика Британија.

3. Во Велика Британија, се смета за предавство, доколку поштенскиот жиг на кој е логото на монархијата е отпечатен наопаку.

4. Во Франција е забрането, доколку чувате свиња, да и го дадете името “Наполеон“.

5. Во Алабама е незаконски да возите со превез на очи.

6. Во Охајо, незаконски е да опијаните риба.

7. Кралевските бродови кои пристигнуваат во Лондон, мораат на полицајците на царина да им дадат една бочва рум.

8. Според британските закони, бремените жени може да се “олеснат“, било каде, дури и во јавност.

9. Во полициските станици во Мајами не е дозволено да се вози скирол.

10. Во Велика Британија сите мажи над 14 години, мораат да вежбаат стрелање најмалку по 2 часа неделно.

11. Во Лондон законот му дозволува на секој граѓанин да пренесува стадо овци преку мост, при тоа да не му биде наплатена патарина.

12. Во Сан Салвадор, пијан возач може да биде осуден на смрт – со стрелање.

13. Во Велика Британија, човек кој мора да уринира, може тоа да го направи во јавност, но исклучиво ако мокри на задните тркала од автомобил и со десната рака да се држи за автомобилот.

14. На Флорида, жена која не е мажена, а доколку во недела скока со падобран, може да биде уапсена.

15. Во Кентаки е илегално да носите скриено оружје кое е подолго од 1.8 метри.

16. Во Лондон е забрането да повикате такси, доколку имате заразна болест.

17. Во Колорадо е илегално да убиете птица во градско подрачје, а граѓаните не смеат да имаат домашни миленичиња.

18. Во Вермонт жените мораат да поседуваат писмено одобрение за носење на забни протези или златни заби.

19. Во Бахраин, доктор (маж), може да изврши гинеколошки преглед, но само доколку не гледа директно во гениталиите на жената. Прегледот може да го обави така што ќе го гледа одразот на гениталиите во огледало.