|
Том Круз избегна несреќа |
|
|
|
[20-08-2007 | 23:50 часот] |
Единаесет статисти се повредени во инцидентот за време на снимањето на филмот „Valkyrie“ во Берлин, во кој славниот Том Круз го глуми атентаторот...
... на Адолф Хитлер, полковникот Клаус вон Штафенберг, јави денеска Би-Би-Си. Само едно од 11-те повредени лица се задобило со сериозни повреди кога камион користен за снимање на филмот се превртел во возење, додека другите се полесно повредени - соопшти полицијата во Берлин. Тој е однесен во болница, додека останатите минале со мали рани и модринки. Полицијата вели дека „нема сознанија кои наведуваат дека Том Круз е инволвиран во инцидентот“. Камионот, кој бил преправен како воено возило на Вермахтот, сега ќе биде подложен на инспекција за техничките дефекти, како дел од истрагата на полицијата. 
 |