После 3 децении - нов албум Печати Е-меил
[23-08-2007 | 23:28 часот]
 Легендарната група „Eagles“, која го држи рекордот за најпродаван албум во историјата на САД, повторно ќе снима! Тие по пауза речиси три децении, во октомври..

... ќе издадат нов студиски албум, соопшти дискографската куќа „Universal Music Group“.

Бендот познат по хитовите „Hotel California“ и „Life in the Fast Lane“, се распадна во 1980 година. Членовите повторно се собраа 14 години подоцна и од тогаш повремено одат на турнеи.

Новиот албум на групата ќе се најде во продажба низ целиот свет на 29 октомври, а во САД ден подоцна. Првиот сингл од албумот е насловен „How Long“.

Составот на бендот, Глен Фреј, Дон Хенли, Џо Волш и Тимоти Б. Шмит, последниот студиски албум - „The Long Run“, го снимија во 1979 година.

Албумот „Eagles: Greatest Hits 1971 - 1975“ е најпродаваниот во историјата на студиската музика во САД, со повеќе од 29 милиони продадени примероци. Групата има продадено околу 120 милиони албуми ширум светот.