Ана Ивановиќ ќе ја води Евровизија Печати Е-меил
[27-08-2007 | 23:42 часот]
 Српската тенисерка Ана Ивановиќ, и едно од најубавите лица во светскиот спорт, најверојатно ќе биде водителка на “Eurovision“, која ќе се одржи наредната...

...  година во Белград. Директорот на RTS, јавно изјавил дека размислува да и го понуди на Ана местото на водителка , бидејќи таа најдобро го одсликува “српскиот шарм“.

“Ана е препознатливо лице, нејзината појава на сцената ќе биде полн погодок!“ - изјавил директорот на RTS.

Таткото на Ана, за јавноста ја даде изјавата дека Ана ќе ја разгледа идејата.

“Идејата навистина е интересна, но Ана најпрво ја очекуваат натпревари во САД, и распоредите на останатите турнири. Кога ќе помине гужвата, Ана ќе ја донесе одлуката за оваа понуда, која секако е голема чест! “- изјавил тој.