|
Во Кина - интернет полицајци |
|
|
|
[03-09-2007 | 00:34 часот] |
Кинеските власти воведоа “виртуелни полицајци“ кои патролираат по екраните и ги предупредуваат интернет корисниците да престанат да ги користат...
... забранетите содржини. Со акцијата се опфатени 13-те најпосетени портали, а до крајот на годината ќе биде покриена целокупната компјутерска мрежа во Кина. Властите најавуваат дека со оваа акција сакаат да ги заштитат младите од “безобразни содржини“. Уште откако Интернетот влезе во земјата, Кина е изложена на остри критики поради ограничувањата односно цензурата на интернет содржините. Со 137 милиони регистрирани интернет корисници, Кина моментално е на второто место во светот, а статистиката покажува дека за две години ќе ја надмине интернет велесилата САД.  |