L.A Times ќе мириса на колачи Печати Е-меил
[04-09-2007 | 23:28 часот]
 Употребата на мириси не е новост помеѓу модните магазини, но е новост за дневните весници, како што е "Los Angeles Times", кој се подготвува за прв пат да објави...

... ароматизирано издание.

Рекламата треба да биде објавена идната недела, а весникот ќе мириса на свежо испечен колач, известува Њу Јорк Тајмс, кој додава дека овој весник е еден од многуте дневни весници кои се обидуваат да најдат начин на кои ќе ги привлечат читателите.

Дали мирисот од свежо печени колачи само ќе им го зголеми апетитот на и онака гладните Американци, останува да се види од првите импресии од теренот.