|
Крај на ерата "Павароти" |
|
|
|
[06-09-2007 | 23:06 часот] |
Италијанскиот тенор број еден - легендата Лучијано Павароти, почина во четвртокот изутрина на 71 година, соопшти неговиот менаџер. Тој по подолг период...
... боледување од рак на панкреасот, починал во семејната куќа во италијанскиот град Модена. Запаметени ќе останат и неговите концерти со познати поп и рок музичари, како и неговите настапи со Хосе Карерас и Пласидо Доминго, на светската турнеја на тројцата најпознати светски тенори. Павароти од двата брака остави четири ќерки, од кои најмладата има четири години. Последен пат настапи на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Торино, во февруари 2006 година.  |