Уште еден пораз за Cro Cop (видео) Печати Е-меил
[09-09-2007 | 22:59 часот]
 Балканската ултимејт фајт ѕвезда Mirko Filipovic, по вторпат во UFC рингот е поразен од анонимен борец. Тој во лондонската O2 арена пред 20.000 гледачи, не излезе...

... во хоризонтала како минатиот пат, ама резултатот беше ист.

После бруталниот нокаут пред 5 месеци од Gabriel Gonzaga, овој пат "поблагата" победа ја однесе анонимниот француски борец Cheick Kongo.

Некои од познавачите тврдат дека крајот на златните времиња на Мирко е дојден.

Тој има уште три закажани UFC борби, па му останува време да покаже дали прогнозите се точни.

Борбата не беше спектакуларна. Kongo во клинч тотално го исцрпи Filipovic, а потоа лесно ја однесе победата.

Следи видео со последните 2 минути.

Целата 20 минутна борба може да ја погледнете овде!