"Старците" ги рушат сите рекорди Печати Е-меил
[24-09-2007 | 22:54 часот]
 Ветеранскиот рок бенд The Rolling Stones минатата година оствари најголема заработувачка во светот на музиката, објави магазинот Forbes. Тие од јуни...

... минатата година до јуни оваа година заработиле 88 милиони долари, најмногу благодарејќи на нивната турнеја Bigger Bang.

Со мало заостанување на второто место се најде американскиот рапер Jay-Z со 83 милиони долари, додека поп иконата Madonna е трета со 72 милиони долари.

На листата следат Bon Jovi (67 милиони), Elton John (53 милиони), Celine Dion (45 милиони), кантри пејачот Tim McGraw (37 милиони), раперот 50 Cent (33 милиони) и U2 (30 милиони).

"Forbes" наведе дека никакво изненадување не се ветераните на првото место. "Вистинската заработувачка доаѓа од турнеите. А никој не може својата турнеја да ја наплати подобро од "старците".