Низ Европа - јавни мерачи на алкохол Печати Е-меил
[30-09-2007 | 22:47 часот]
 Do-it-yourself е тест машина за проверка на количината на алкохол во крвта, која ќе се инсталира на поголемите паркинзи ширум Европа. Возачите одредено време...

...“дуваат“ во пластична цевка, а по неколку секунди на екранот од Alcolizer-от можат да си проверат дали количеството на алкохол кое го имаат во крвта е во дозволените граници.

Секој корисник дува во чиста стерилизирана цевка. Alcolizer машината ја користат истата техника како и полициските направи за проверка на крвта.

“Целта на инсталирањето на ваквите машини на паркинзите, не е да го поттикнат возењето во алкохолизирана состојба, туку само да ги информираат возачите “ - изјави потпаролот на компанијата која ги произведува Alcolizer машините, Risk Shifters.

Alcolizer машини се веќе инсталирани во Manchester и Glasgow, а проверката чини 1 фунта.