|
Љубов на прв поглед - не постои! |
|
|
|
[21-05-2006 | 16:14 часот] |
Љубов на прв поглед не постои, потврдија научниците, иако старите романтичари со ова сигурно нема да се сложат. За да се развие правата љубов, потребно е барем 365 дена т.е една година, тврдат во универзитетот во Англискиот Bath. Возбудливите "пеперутки"...
...во стомакот кои ги осеќаме кога сме со некој кој ни го одзема здивот, не е љубов. Вистинската љубов е комбинација на страст, блискост, и поврзаност која обично во врската се појавува дури после 12 месеци. Во студијата учествувале 147 пара кои се запознале на интернет страницата Match.com. Околу 61% ги имале сите три наброени состојки за права љубов, но повеќето од нив биле во врска веќе 12 месеци. Оние кои штотуку се запознале осеќале нешто како пријателска љубов, но без доволно страст. |