Најдобрите места за живеење Печати Е-меил
[08-10-2007 | 00:14 часот]
 Финска е најдобрата држава за живеење, гледано од аспект на квалитетот на животот и животната средина, се наведува во студија на американското списание...

... „Ридерс дајџест“. Во првата петорка уште се и Исланд, Норвешка, Шведска и Австрија.

Високите оценки за Финска се должат на чистотата на водухот и водата, ниската стапка на заболувања кај децата, образованието, стандардот... се наведува во објавената студија.

САД се наоѓаат на 23-то место на класификацијата, во која се наоѓаат 141 држава. Велика Британија е 25-та, Русија 51-ва, додека на дното на листата се претежно држави од Африка.

Македонија се наоѓа на 46-то место, пред Бугарија, а веднаш зад Обединетите Арапски Емирати.

Како најпожелен град за живеење е посочен Стокхолм, следен од Осло, Минхен и Париз. Во првата десетка се уште три германски градови - Дизелдорф, Франкфурт на Мајна и Штутгарт, како и Лион, Нант и Копенхаген. Њујорк е 15-ти, Лондон - 27-ми, а Рим 39-ти.

Во истражувањето се земени предвид многу фактори, меѓу кои и: квалитетот на водата за пиење, емисијата на гасови што ја загадуваат атмосферата, образованието и доходот на населението...

Осло - Норвешка